Цветни погачки
Подготовка
1. Во мал дел од млекото го ставаме квасецот со една лажица шеќер и една лажица брашно. Промешуваме и оставаме квасецот да надојде. Во сад го просејуваме брашното и на средина го ставаме надојдениот квасец со зејтинот, оцетот, шеќерот и солта. Целата смеса ја замесуваме со млакото млеко додека тестото не почне да ни се одлепува од пластичниот сад. Вака замесенето тесто го покриваме и оставаме да стаса еден час.
2. Во меѓувреме ги сецкаме состојките за филот. На доматот му ја одстрануваме лушпата и сечеме на ситни коцки. На ситни коцки ги сечеме и шунката и кашкавалот.
3. Кога тестото ќе стаса развлекуваме кора и со помош на чаша формираме кругови како за крофни. Круговите ги броиме и половина од нив ги расекуваме на средината да формираме цвет. Круговите кои не ги расукуваме се премачкуваат од страна за да се залепи тестото во вид на цвет кое го ставаме врз нив. Вака формираните погачки ги редиме во тава за печење обложена со хартија.
4. Од остатокот од тесто повторно развлекуваме кора и правиме кругови. Овие кругови треба да бидат со помала големина од предходните. Ги расекуваме на средина и ги ставаме во внатрешниот дел на тестото.
5. Вака подготвените погачки ги премачкуваме со јајцето и во средината го ставаме филот. Оставаме десетина минути да подстасаат додека да ни се затопли рерната. Печеме на 200степени половина час или додека не добијат убава боја. Погачките ги вадиме и ги покриваме со крпа додека да застинат.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани