Декоративни, меки, вкусни кифлички

Прво во млакото млеко се ставаат шеќерот, квасецот и малку брашно.
Нека се активира, па се додавааат сол, пециво, масло, јогурт и постепено од брашното.
се замесува не лепливо тесто.
Се покрива и нека кисни 30 минути.
Потоа се зема една третина од тестото, се сучи правоаголна кора, по малку се намачкува со путер, врз него се рони изварка.
Се завиткува ролат.
Сега од останатото тесто се кинат по 3 мали топчиња и со намрсени раце се прават долги форми.
Се виткаат како плетенка.
Сега од ролатот се сече едно парче широко 2-3 цм, се поставува на масата со сечениот дел на горе и околу него се поставува малата плетенка.
се редат во плех.
Така се постапува со целото тесто.
Мене ми излегоа 20 поголемки цветови.
Се оставаат да киснат, 20 минути, се премачкуваат со изматено јајце, убаво се накапува од јајцето во пресеченото средишно парче-ролатчето, се декорираат со афион, сусам и се печат околу 30 минути на 200 степени.
Испечени се вадат на кујнска решетка да подизладат и се кркаат со чаша јогурт.

Денес користев путер, кој во својот состав има палмино масло, кокосово масло.... со цел да го избегнуваме маргаринот кој не е многу за машала, хаха

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани