Цветни колачиња - Canestrelli
Овие колачиња се типични за Северна Италија. Вкусот им е прекрасен, со мирис на лимон, и ровки од путерот...едноставно се топат во уста. Варените жолчки им помагаат да стојат свежи и по неколку дена, секако ако останат дури и за наредниот ден.
Подготовка:
1. Најпрво ги вариме јајцата во ладна вода, од моментот кога ќе зовријат, варете ги уште 8 минути. Потоа ставете ги во сад со ладна вода, па излупете ги.
2. Изладените жолчки ги поминуваме преку густа цедалка (за чај или слично) и со помош на лажичка ги притискаме со цел да добиеме мазна смеса од испасираните жолчки. Со помош на вилушка не може да се иситнат фино како во овој случај.
3. Потоа кај жолчките го додаваме путерот (на собна температура и исечкан на коцки), го додаваме шеќерот во прав, екстрактот од ванила и на крај просеани, брашното заедно со пецивото.
4. Замесуваме мазно тесто, кое го завиткуваме во стреч фолија и го оставаме во фрижидер 1 час.
5. Тестото го ставаме помеѓу два листа мрсна хартија и со помош на оклагија расукуваме кора со дебелина околу 5мм.
6. Со помош на калапче во форма на цвет ги вадиме колачињата и ги префрламе во плех за печење, врз кој имаме ставено хартија за печење.
7. Печеме во загреана рерна на 170 степени (околу 15-20 минути) до благо поруменување. Иако на допир ќе ви изгледаат меки (така и треба да бидат) сепак извадете ги веднаш штом почнат да ја променуваат бојата. Откако ќе оладат, ке си ја добијат потребната цврстина.
8. Нека се изладат, па поросете ги со шеќер во прав. Послужете ги со кафе, чај или чаша млеко.
Забелешка:
Наместо кора од лимон, може да ставите и кора од портокал. Ако немате екстракт од ванила, ставете 1 м.л. ванилин шеќер.
Мене ми испаднаа 30 колачиња од оваа доза.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани