Форми за кифлички - идеи
Откако го пробав памук тестото на Лиле, мислам дека не би експериментирала со друго и затоа овде само ви претставувам некои идеи на различни форми на кифлички, и секако ви го препорачувам тестото на Лиле, стварно е меко како памук. Лиле, ти благодарам за споделениот рецепт!!!
1. Полжавчиња
Од тестото развлечете долги ленти кои ќе ги рассукате со прстите, па потоа едниот крај завиткајте го во круг, и дообликувајте го телото на полжавот. Ставете зрно црн бибер за око.
2. Ежиња
Од тестото направете топчиња, малку долгнавести, па со ножица сечете по целата должина. Ставете две зрна црн бибер за очите. (Мене тестото ми беше меко, и малку ежињата ја изгубија формата, можеби ќе беше подобро да се изработат од малку потврдо тесто).
3. Цветови
Направете круг од тестото, па засечете го на 8 места. Двата соседни триаголници превиткајте ги на обратна страна. Доколку не сум баш добро објаснила, се надевам дека и сликите ќе бидат од помош.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови