1.Половина од кадаифот се става во намрсена тава 32×25, се попрскува со половина од растопениот путер, па се ставаат оревите и другата половина кадаиф.Се попрскува со остатокот од путерот.Се пече во загреана рерна 1 час на 150. Се остава да излади, да биде млак при полевањето.

2.Се вари и шербетот од наведените состојки.Штом почне да врие се додава лимоновиот сок и се вари уште 10 мин.на умерен оган .Се остава да излади, да биде млак. Значи и кадаифот и шербетот да бидат млаки при заливањето. Се остава целосно да излади.

3.За филот се зоврива 800 мл. млеко со шеќерот и ванилите, а во 200 мл. се раствораат брашното, пудингот, се додава јајцето и жолчките, убаво се миксира. Се вари крем на умерен оган до потребната густина. Во млако се спојува со путерот, убаво миксирајќи, а во сосема ладно се додава шлагот во прав и се миксира.Се добива убава кремаста структура.
Се нанесува над кадаифот.

4.А, врз филот карамелот. За полесно размачкување карамелот го растворам со малку топла вода.

Се остава на неколку часа во фрижидер, па се служи.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани