Фантазија
1.Јајцата со шеќерот и ванилата се матат убаво додека да се растопи шеќерот.Потоа се додадава млекото и зејтинот.Го додаваме брашното во кое сме го измешале пецивото и убаво промешуваме со лажица.На крај се додава какаото и се мати на помала брзина се убаво да се оедини.Го ставаме во калап за торта и се пече 20-30 мин (зависно од шпоретот)на температура од 200 степени.Кога е печена кората се остава убаво да се олади .
Додека се лади кората се подготвува кремот.
2.Чоколадото се топи на пареа и се остава малку да се подолади.За тоа време се мати шлагот.Се става млекото во него се сипуваат кесичките шлаг и се мати на најјака брзина .Кога ќе биде скоро изматен се исклучува миксерот и го додаваме растопеното чоколадо.Се промешува со лажица се додава шеќерот во прав и се мати додека да се добие убава цврстина.
3.Оладената кора ја премачкуваме со мармаладот.Врз мармаладот се Става кремот и убаво се премачкува целата торта.Украсувањето е по желба
4.Јас во мармаладот измешав 3 лажици мелени ореви и во кората ставив 1 рамно мало лажиче цимет.Ефектот е преубав.Оргиналниот рецепт е без тоа ама јас експериментирав овој пат .Убава е како и да ја направите.Пред да послужите оставете ја убаво да се олади.
5.Името Фантазија јас и го дадов затоа што тортава е стварно фантастична ,спојот на вкусовите е мммммм а многу бргу се прави
А ако ве мрзи да правете има уште малку останато па елајте да пробате ))))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
јор килинг ми :) :) :) :)
мајка ми ми раскажуваше како кога сме биле мали ни дошле гости и таа да не остане покусо се пофалила дека има торта скриено од нас во другиот замрзивач. ја извадила и се стаписала. целиот фил иштрбан со прстиња. сме ја откриле јас и братот и да не испадне дека сме јаделе, само сме кинеле по малку од смрзнатиот фил. како глувчиња :) :) :) :)
E jas nemozam da sokrijam i da sakam ,odma naogjaat vaka koga znam deka ima ,ima koga nema ,nema