Испечати

Фантазија

Фантазија

Состојки

  • 150 гр чоколадо за готвење
  • 3 лажици какао
  • Крем -3 кесички Шлаг пена
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 кесичка прашак за пециво
  • 3 шољи (200мл) брашно
  • 1 шоља (200мл) млеко
  • 1 шоља (200мл) зејтин
  • Тесто - 2 јајца
  • 1 шоља (200мл) шеќер
  • За премачкување- 4-5 лажици мармалад од кајсии
  • 400 мл млеко
  • 3 лажици шеќер во прав

Подготовка

1.Јајцата со шеќерот и ванилата се матат убаво додека да се растопи шеќерот.Потоа се додадава млекото и зејтинот.Го додаваме брашното во кое сме го измешале пецивото и убаво промешуваме со лажица.На крај се додава какаото и се мати на помала брзина се убаво да се оедини.Го ставаме во калап за торта и се пече 20-30 мин (зависно од шпоретот)на температура од 200 степени.Кога е печена кората се остава убаво да се олади .
Додека се лади кората се подготвува кремот.

2.Чоколадото се топи на пареа и се остава малку да се подолади.За тоа време се мати шлагот.Се става млекото во него се сипуваат кесичките шлаг и се мати на најјака брзина .Кога ќе биде скоро изматен се исклучува миксерот и го додаваме растопеното чоколадо.Се промешува со лажица се додава шеќерот во прав и се мати додека да се добие убава цврстина.

3.Оладената кора ја премачкуваме со мармаладот.Врз мармаладот се Става кремот и убаво се премачкува целата торта.Украсувањето е по желба

4.Јас во мармаладот измешав 3 лажици мелени ореви и во кората ставив 1 рамно мало лажиче цимет.Ефектот е преубав.Оргиналниот рецепт е без тоа ама јас експериментирав овој пат .Убава е како и да ја направите.Пред да послужите оставете ја убаво да се олади.

5.Името Фантазија јас и го дадов затоа што тортава е стварно фантастична ,спојот на вкусовите е мммммм а многу бргу се прави

А ако ве мрзи да правете има уште малку останато па елајте да пробате ))))