Унгарско тесто
Брашното се сее и му се додаваат жолчкитеи салото. Се додава шеќерот и солта, како и павлаката и сувиот квасец. Се замесува тесто. Повремено се додава млака вода. Тестото се сука во кора дебела пола сантим, а потоа се предиплува во две и пак се поминува со сукалото.
Се сече лефтерно со ножот во вид на мрежа. Пазете да не го исечете до дното.
Полека се вадат кругови со модла или со чаша чија што големина ви одговара.
Се редат дирекно во не намастен плех. Се премачкуваат со жолчка помешана со масло и сол. По желба наросете ленено семе. Се печат додека не поруменат.
Забелешка
Јас би ве советувала да ги јадете топли. Имаат преубав мирис. Не се лоши и ладни, ровки се од свинската маст.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови