Тробоен чизкејк - торта од фстаци,чоколадо и јагоди, 1800 јубилеен рецепт
Драги мои пријатели, МР, следбеници и почитувачи на мојата кујна. Еве нанижав уште еден голем јубилеј на оваа убава страна за готвење.
Ќе бидам нескромна ако речам дека не се радувам.
Да, горда сум што сум успеала да зготвам, сликам , напишам и презентирам толку многу рецепти од мојата кујна.
И кога пресметав колку дена сум веќе тука присутна и колку многу сум споделила рецепти, дојдов до број од 1,5 рецепти секојдневно поставени на странава.
За тоа да го постигнам пред се е љубовта која ја носам во мене, да готвам и да ги радувам моите најмили, моите пријатели. За денес ќе ве почестам со една непечена, прекрасна и вкусна торта.
Повелете рецепт.
1. Бисквитите ситно сомелете ги, додадете го стопениот путер и измешајте.
Потоа префрлете ја смесата во тава со обрач со дијаметар од 20 см и нанесувајте со задниот дел на лажицата за да создадете мазна основа. Оставете во фрижидер на 30 минути.
2. Во сад, измешајте го маскарпонето со шеќер во прав. 400 мл слатка павлака изматете ја многу лесно, само неколку секунди (бидејќи после со додавање на состојките ќе се стегне). Со лесни движења, пожелно е со шпатула, соединете ги маскарпонето и слатката павлака.
3, Поделете ја смесата на два еднакви делови. Во еден дел додадете паста од фстаци (кликнете тука за рецепт за паста од фстаци).
Половина од кесенцето со желатин ставете го со 2 лажици вода да набабри. Потоа растворете го во 50мл слатка павлака. Додадете го кај кремот со фстаци. Со лесни движења изедначете ја цела смеса.
Истурете крем од фстаци врз основата во садот, израмнете добро и префрлете го во фрижидер 30 минути.
4. Во вториот сад додадете го растопеното црно чоколадо . Остатокот, односно половина од кесенцето со желатин,ставете го со 2 лажици вода да набабри. Потоа растворете го во 50мл слатка павлака.
И него додатете го во чоколадниот крем. Со лесни движења изедначете ја цела смеса.
Истурете го чоколадниот крем над сега цврстиот крем од фстаци, израмнете ја површината и ставете ја во фрижидер тортата најмалку 4 часа.
5. Сега подгответе го желето од јагоди. Во тенџере на тивок оган се варат јагодите, водата и шеќерот околу 7-8 минути. Потоа се поминуваат со стапчест миксер. Желатинот се потопува со 2 лажици вода да набабри. Потоа се додава во врелиот сос, да се растопи желатинот и да се изедначи смесата. Оваа се истура млако, врз чоколадниот дел. Се остава во фрижидер уште 1 час да одстои,
6. Потоа, извадете ја тортата од фрижидер. Внимателно се вади обрачот, се става тортата на тајнир за сервирање.
Се прави декорација, украсете со сецкани ф’стаци,јагоди, ливчиња нане..
Послужете и уживајте.
Лиценца: Сите права се задржани
Voedno cestitki za tvojata neumornost.
Izobilie od vkusni recepti uma na tvojot profil.
Tu posakuvam uste mnogu, znam deka nabrzo kje nanizes uste.
Pozdrav i sekoe dobro.
Тортата е прекрасна и фотките се супер, браво уште еднаш.
Поздрав и секое добро ти посакувам.
I pokraj toa sto 3 moi recepti cekaat veke 8 dena objava.
Vsusnost ovoj e moj 1797 receot
Ama toa e....
Pozz
Тортата, како и се' останато беспрекорно!
Бравос!
Pozz
Fala Lile
Poz
Poz
Тортата и сликата совршени
Pa se trudam sekoj jubilej da go odbelezam so nesto novo, interesno, vkusno..
Pozz do mojot Prilep
Тортава за мерак, ептен по мој вкус!
Poz
Mnogu ubavo kazano
Ne e Samo spremni nesto, napraj 2,3 fotki, Napisi nabrzina tekst i prikaci.
Tokmu taka, za sekoj recept treba minimum 1 cas da se napise, sredi, da se fotigrafira, prezentira... A plus vreme i da se podgotvi
Noki, denovi,saatiii se ostaveni tuka
Ama.....
Ti blagodaram draga prijatelke
искрени и најголеми честитки за овој голем труд и време кој си го вложила да ни ги презентираш твоите делиции во ваква фасцинантна бројка, која знам и сигурна сум дека уште повисоко ќе расти :* терај девојче, само јако!
Pozz
Честит јубулеј. Тортата сјае!
Da ti se mnozat brojkite i jubileite na receptite samo prodolzi da go pravis ona sto te ispolnuva...sekoe dobro pozdrav od Kumanovo i fam.Nikolic♥️
I mene mi nedostasuva sredba
Poz i za vas
Samo privatna sredba moze da si napravime od zainteresiranite clenki ovde
Bivaaaaa
Што и да кажеме, малку ќе биде, затоа што ти не само што си вредна, креативна, посветена од самиот почеток, туку највеќе затоа што ти си обележје на оваа страна. Од твоите дела многу генерации учат и се надградуваат.
Едноставно, оваа страна без тебе не би била иста. Твоето творештво тука е вистинско богатство, а твојот труд се чита надалеку. Се надеваме дека ќе продолжиш со исто темпо, па што побрзо да дојдеме до 2000 рецепти. А тоа ќе биде вистинско славење :)
Ти благодариме што секојдневно вложуваш дел од себе на оваа страна, и за да ти го честитаме овој твој прекрасен јубилеј, ти подаруваме Delimano Green Planet Starter сет + Delimano Green Planet Ростер тава.
Сигурни сме дека одлично ќе го искористиш подарокот.
Тимот на Мои Рецепти
Mnogu emotivno sum povrzana so stranava, mnogu momenti sum spodelila tuka.
Nesto, koe vo mene zivee i me raduva, e tokmu ova, gotvenjeto, pisuvanjeto, slikanjeto....
Daj boze da imam zdravje i sila za ponatamu.
Pozzz