![Тортици со смокви и ореви](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/01/-%d1%81%d0%be-%d1%81%d0%bc%d0%be%d0%ba%d0%b2%d0%b8-%d0%b8-%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%b8-f658bb-800x480.jpg)
Тортици со смокви и ореви
1. Најпрво се прави кората. Се матат белките со постепено додавање на шеќерот. Потоа се додава брашното кое претходно е измешано со пецивото. На крајот се ставаат оревите и смоквите и полека со шпатула се мешаат. Се пече во голема тава(плех) од рерна на 180С-25мин.
2. Се дели тестото на половина и се филува. Може да се подели на 3 дела како торта и да се филува.
3. Фил- Жолчките се матат на пареа заедно со шеќерот. Потоа кога ќе згуснат се додава искршената чоколада. Се лади и се додава изматениот маргарин. Со половина од овој фил се премачкува едната кора, па се става другата врз неа. И врз втората кора премачкуваме од остатокот од филот.
4. Се сечат коцки од колачот и врз секоја коцка се става шлаг и се прелива со стопена чоколада.
Превкусни.
Лиценца: Сите права се задржани
Преубавко е.