Тортици со урми, ореви и кремаст фил
Уште еден успешен експеримент од мојата кујна.
Тортициве како си ги замислив, така ги подготвив.
Мнооогууу вкусни се и делуваат баш празнично, супер идеја да се подготват за големиот Христијански празник Велигден.
Од остатокот на тестото, со некои додатоци направив и бомбици.
Секоја потрошена минута вреди за овој десерт.
Пробајте...
1. Прво ги делиме белките од жолчките. Во сад ги ставаме белките, матиме до цврст шам а притоа додаваме една по една лажица шеќер.
2. Сега во сад ги соединуваме брашното, пецивото, оревите и урмите. Промешуваме и овие состојки ги додаваме кај изматените белки. Со шпатула ја соединуваме и ја изедначуваме смесата.
Ја ставаме во правоаголен плех, не многу голем, кој е обложен со хартија за печење. Печеме околу 15 м на 180 степени.
Испеченото тесто го оставаме да се излади и ја одстрануваме хартијата. Сега внимателно со алатка круг вадиме форми.
Ги редиме на послужавник а ронките, крајчината кои ни останаа ги ставаме во чашата на нутрибулет.
3. Во тенџере ги ставаме млекото, ванилата, шеќерот, пудингот, брашното, соединуваме со жица убаво.
Вариме на тивок оган до згуснување. Во жешкиот крем го додаваме и путерот и енергично мешаме, да се изедначи кремот.
Покриваме со прозирна фолија за кремот да не фати коричка, или го ладиме со постојано мешање.
4. Во сад ги ставаме шеќерот во прав и маскарпонето. Матиме.
Додаваме и слатка павлака и соединуваме. Со најслаба брзина на миксерот матиме и при тоа додаваме лажица по лажица од изладениот жолт крем.
Сега земаме прво кругче, обилно нанесуваме фил и покриваме со друго кругче тесто.
Краевите на Тортициве ги премачкуваме со крем и ги валкаме во чоколадни мрвици.
Постапката е иста со целиот материјал. Ќе добиете 9,10 тортици.
5. На површината ги декорираме со кремот, со помош на готварски шприц.
Ги оставаме на ладно 1 час, а потоа ги складираме во звоно со капак, па ги ставаме во фрижидер.
6. Е сега во мал сад соединуваме 70 гр чоколадо и 3 лажици слатка павлака. Кога смесата е изедначена ја додаваме во чашата на нутрибулет, каде ни се крајчината од тестото.
Ми остана 1 лажица од филот и неа ја додадов. Убаво во 2 наврати ги соединуваме сите состојки.
Оставаме смесата да се излади. Формираме бомбици, кои ги валкаме во чоколадни мрвици.
Уживаме во прекрасниот десерт.
Лиценца: Сите права се задржани
So golem merak gi pravev
A bogami i mnooguu fotogenicni bea