27
мар
2014
Тортици со бисквит срцевина
Со жица изматете ги јајцата и шеќерот.
Додајте го растопениот путер, млекото, ванилата и брашното измешано со пецивото.
Измешајте за да се соединат состојките.
Во калап за мафини наредете хартиени корпички и во секоја ставете малку од смесата, потоа ставете еден бисквит сендвич и пак од изматената смеса.
Печете ги на 180 степени, 20 минути.
Од оваа смеса излегуваат 9 тортици.
Лиценца: Сите права се задржани
Еден совет (така да го наречам) ... како и за лења пита друг пат можеш да пробаш прво маааалку да го запечеш првиот дел, па со бисквитот и останатиот дел од смесата ... ќе дојдат баш на средина.
И јас мака мачев кога си правев вакви тортички, ама сега веќе добро е :)))