Тортици со бисквит срцевина
Состојки
- 90гр. брашно
- 80мл. млеко
- 2 јајца
- 1 ванила
- 70гр. шеќер
- 60гр. путер
- 1/2 пециво
- 9 темни сендвич бисквити
Подготовка
Со жица изматете ги јајцата и шеќерот.
Додајте го растопениот путер, млекото, ванилата и брашното измешано со пецивото.
Измешајте за да се соединат состојките.
Во калап за мафини наредете хартиени корпички и во секоја ставете малку од смесата, потоа ставете еден бисквит сендвич и пак од изматената смеса.
Печете ги на 180 степени, 20 минути.
Од оваа смеса излегуваат 9 тортици.