Јаболката излупете ги, исечете ги на тенки парчиња и порскајте ги со исцеден сок од еден лимон за многу да не потемнат.
Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилата во светла кремаста смеса. Потоа додајте ги јогуртот и маслото и кратко изматете ги. На крај додајте го брашното и пецивото и кратко со најмала брзина уште еднаш изматете да се изедначат.
Смесата истурете ја во намачкан со путер и набрашнет калап (26). Одозгора наредете ги парчињата јаболка и по малку суво грозје и пињоли. Јас пола е оставив само со јаболка, а на пола додадов суво грозје и пињоли по желба на дегустаторите.
Ставете ја да се пече во загреана рерна на 170-180 степени околу 35-40 минути или најдобро е да си проверите со чепкалка, да излезе сува при проверувањето.
Печената торта оставете ја да олади, посипете ја со шеќер во прав и послужете ја.
Тортата е многу вкусна и ви ја препорачувам да е пробате. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани