Торта со полнети печени јаболка
Многу почесто го спремам овај десерт во поладниот период од годината, но ништо помалку вкусен не е и сега дообработена стара верзија на благичко. По моја замисла со цел да ги задоволам вкусовите на конзументите.
Тавче бр.28 се посипува со 4-5 лајци шеќер, се реди со чистени јаболка и издлабени, се полнат во длабнатините со јатки орев се редат во тавчето наоколу и едно во средина Се посипува секое со 1 лајче шеќер, се печат околу 1 саат на 180.
Пред да се допечат се спрема смесата од јајца, шеќер, врела вода, брашно, нецело филџанче масло, пециво и ванила, се потураат врели јаболката рамномерно, па се печи на 180 уште 20 мин.
Се лади 10 мин, се превртува однаопаку, најгоре ќе дојдат јаболката, се премачкува со 1 пудинг од ванила (300 мл. млеко 2 лајци шеќер) се употребуваат за варење на пудингот.
Врел се премачкува над кексот се лади. Се додава најгоре 2 кесички шлаг пена биени по упатството, украсување по желба..
( по желба може дел од тестото да го обоите со какао за шаренило да добие колачот,секако не е задолжително)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови