Печени јаболка
Самата миризба на јаболка што се печат во рерна ме потсеќа на едно убаво минато кога бев многу мала и со моето семејство седев пред топлото оганче со нетрпение очекувајќи да се испечат јаболката ... до душа мајка ми не ставаше никакви примеси едноставно ги миеше убаво и цели ги ставаше во рерната и искрено тие најобични печени јаболка од детството секогаш ќе ми бидат поубави..но и овие кои јас си ги спремам понекогаш не се толку лоши хехе
1. Сувото грозје го полеваме со рум и оставаме 1 час да отстои за убаво да впие
2. Јаболката ги миеме, им го сечеме горниот дел кај дршката во форма на капак и потоа ги длабиме отстранувајќи им ги коските (внимавајте дното на јаболкото не треба да биде пробиено) и притоа правиме длабнатина за да можеме да ги наполниме со зајре
3. Се полнат со мешавината од бадем, суво грозје, брусница, мед и цимет и над секое јаболко се става по малку маргарин
4. Огоноотпорниот сад го премачкуваме со маргарин и јаболката ги редиме во него и ги ставаме во загреана рерна на 180 степени окулу 20-тина минути
5. Кога се при крај топиме црно и бело чоколадо и сеуште жешки ги декорираме со чоколадото
Напомена
Внимавајте да не ги препечете, па да добиете “изглед на полнети пиперки“ место јаболка хехехехе
Можете да ги полните со што ви душа сака ова е само еден начин,а јас секој пат кога ги правам експериментирам со разни комбинации
Доколку немате време да го чекате сувото грозје да искисне сомелете го во блендер со една лажица рум
Лиценца: Сите права се задржани