Торта со карамели и лешник
Ова е мојата роденденска торта која ја подготвив оваа година. Бидејки сум љубител на лешникот и карамелата изборот падна веднаш.Тортата веднаш си го зема статусот фаворит или торта над тортите се додека не направам некоја наредна вкусотија.
Подготовка
Карамелен фил
Од млекото оделуваме 150мл и во него ги додаваме карамелите кои ги топиме на тивок огин додека не се стопат.Од преостанатото млеко оделете 200мл и во него ставете го густинот,жолчките и шекерта промешајте убаво јас го мешам во шејкер да нема грутчиња.Во растопените карамели додадетего останатото млеко да зоврие и во него сипете ја смесата со густинот.Мешајте брзо за да не се направат грутки одкако се згусне тргнете на страна и покрите со целофан.
Тесто
Додека кремата се лади почнуваме со подготовка на тестото.На белките им додаваме малку сол и почнуваме со матење додека не се згуснат.Потоа додаваме шекер и повторно матиме,брашното,какаото и пецивото ги мешаме и постепено ги додаваме на смесата.На крај додадете ги лешниците ситно и крупно мелени и се полека мешајте но со шпатула не со миксер.На крај додадете го зејтинот и повторно се измешајте.Смесата ја поделив на два дела и ја печев во тавче бр24 и секое тесто го сечев на пола со тоа добив четири тенки теста.Доколку сакате подебели теста тогаш печете во тавче бр22.Печете на 180 степени околу дваесет минути.
Продолжена подготовка на филот
Во млакиот крем додадетего путерот и изматете го со миксер.Слатката павлака изматетеја и сипете во филот и повторно се заедно изматете.Филот е подготвен....
Почнувате со филување секоја кора ја попрскуваме со млеко и рум.Редењето и филувањето најпрактично е да го направите во тава која се отвара странично.Почнувата со тесто така и завршувата а на крај ја сипувате ганаш кремата.
Ганаш
Слатката павлака и кршеното чоколадо ги топите на тивок огин.Одкако смесатат ќе се изедначи и добие убав сјај ја сипуваме врз последната кора.Тортата ја оставаме да се излади убаво во фрижидер за да се сече и да се вадат убави прецизни парчиња.Украсувањето нека биде по ваша желба.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Tortata e vkusna mnogu ,Cesto filot so karameli go imam praveno i sekogas so razlicni.Posledniot go pravev so bronhi i se iznenadiv od vkusot a ovde pretpostavuvam so lesnik-karameli.Odlicen vkus:)