Топчиња од соја со зеленчуци во Делимано Вок тава
Топчињата од соја ги провриваме десетина минути со малку сол и вегета и ги прецедуваме. Компирите ги лупиме и ги сецкаме на коцки. Го сецкаме кромидот, пиперките на кругчиња, додаваме сол и пропржуваме неколку минути во длабока тава. Ја додаваме сојата и пржиме уште 5 минути. Оризот претходно истребен и измиен во неколку води го додаваме во тавата и упржуваме уште околу 5 минути.
Бидејки ова јадење го спремав во вок тавата,врелата вода ја додавав на неколку пати постепено. Ако го ставате во рерна секако целата количина на вода ќе ја ставаме наеднаш. Се додава врела вода и се динста на потивка температура околу 45 минути. Можете секако во меѓувреме да го пробате оризот да не ви се превари или случајно да не треба да додадете врела вода. Ова јадење на мојата фамилија и на мене многу ни се допадна се надевам дека и на вас ќе ви се допадне. Ви посакувам добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани