Прекрасна македонска посна тава од мешани зеленчуци. Ставив тоа што имав зеленчук дома, а можи да додадете и тиквичка, модар патлиџан, бамја...

Подготовка

Се сецкаат сите зеленчуци и се ставаат во поголема тава (јас користев пекач), се додаваат зачините, магдонос, доматен сос, масло и се налева вода колку да се покријат зеленчуците.

Тавата се покрива со капак или фолија и се става во рерна да се пече покриена околу 1 час и после се отстранува капакот и се остава да се допече да фати сосема малку кора одозгора.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови