Телешка крем чорба (во рерна)
Ќе кажам само Гордон Ремзи и мора да пробате =)
1. Месото исечете го на коцкички, зачинете со сол и бибер, ставете го
брашното и убаво извалкајте ги парчињата. Морковот исечете го на
покрупни кругови, печурките на четвртинки. Доматот излупете го и
исечете на ситни парчиња, кромидот исто излупете го и исечете го на
малку покрупни парчиња.
Во подлабок сад погоден и за во рерна ставете малку зејтин да се
загрее. Додадете ги парчињата месо и нека се запржат од сите страни.
Потоа додадете го кромидот и протиснатото лукче и оставете сосем малку
колку да омекне. Додадете ги парчињата морков и печурки и повторно
оставете само малку да омекнат. Мешајте почесто за да не загори. На
крај додадете ги и парчињата домат, промешајте и оставете малку да
крчка во течноста што е испуштена.
2. Додадете го сенфот и зачините, промешајте па додадете го пивото и
оставете малку да прокрчка колку да испари алкохолот. Потоа додадете
ја и водата во која претходно сте ја раствориле коцката за супа.
Оставете да зоврие.
Целиот овој процес до тука треба да биде околу 30-35 мин. (состојките
претходно исчистени и исецкани).
3. Поклопете го садот, но не целосно, оставете малку подотворено колку
да излегува пареата и ставете во претходно загреана рерна на 150С да
се крчка 2 часа.
4. Во павлаката ставете малку од течноста од садот колку да се разбие
густината па ставете ја во садот и убаво промешајте. Оставете уште
15тина мин во рерна колку да се спојат вкусовите. Кога ќе го извадите
садот од рерна додадете го и ситно сецканиот магдонос, промешајте,
оставете малку да се излади па послужете.
Добар апетит =)
*Сепак рецептот не е баш целосно ископиран. Оригиналниот рецепт е со
кнедли од сенф, но дома не се баш љубители па ги изоставив.
Дополнување на Ремзи се печурките и павлката кои сметам дека и дадоа
побогат вкус на чорбата.
Вкусот на пиво е многу дискретен, односно може сосем малку да сетите
горчина. Користев светло пиво (тоа се најде дома, а после 19 не може
да се купи ништо друго), но следен пат би користела темно пиво.
Лиценца: Сите права се задржани
Благодарам и за коментарот, се надевам ќе ја пробате дома и ќе ви се допадне :)
Околу МастеШеф ... кај нас за жал не се емитува, јас ги спуштам од интернет епизода по епизода како излегуваат. Сега веќе ги има сите 4 сезони цели на интернет, а 5та сезона ќе почне на 18 Јуни, што значи дека веќе нареден ден ја има епизодата на интернет. За да не рекламирам страни, сигурна сум дека синот може да ти помогне и посочи од каде може да се симне серијалот :)
Одличен (5),честитки!!!
Ти благодарам за коментарот :)