Чорба од телешка коска
Еве драги мои предлог за телешка супа од коска
Најпрво ставете ја телешката коска во тенџере, налејте 2-3 литри вода и нека одстои така барем 3-4 часа.
Потоа истурете ја нечистата вода, налејте чиста вода, додадете морков, целер, пашканат и варете 2 часа.
Водата се процедува низ цедалка во друго тенџере, се додава зеленчукот, исецкан на коцки, се зачинува супата и се става на оган.
Треба да почне да врие и постепено се додаваат кнедлите, при што секој пат, на секоја кнедла пожелно е вилушката да се потопува во врелата течност, за да не се лепи смесата.
Начин на спремање кнедли.
Во еден тајнир ставете 1 јајце, сол по вкус, свинска маст и гриз онолку колку што ќе ви побара самата смеса.
Отприлика околу 3-4 лажици гриз, се во зависност од големината на јајцето и колку е полна лажицата со маст.
Значи смесата не смее да биде мека , бидејќи во варењето ќе се распаднат, а до колку е замесена на тврдо, кнедлите нема убаво да се сварат.
Кога кнедлите ќе испливаат на површина, варете уште 5 минути, додајте лимонов сок и сецкан лист од целер и магдонос и сервирајте.
Пријатен апетит
Лиценца: Сите права се задржани