Телешка чорба од коска
Вистински празник ми е кога ќе успеам од кај месарот да добијам телешка коска за чорба, оти чорбата без коска, не е чорба, така велеше мојот татко ми.
Подготовка:
1. Месото го сечкам на пристојни парчиња, но не многу ситно. Коската, месото и целиот зеленчук (освен едниот компир) ги ставам во тенџере да се варат. На максимална јачина додека зоврие, ја собирам пената, поклопувам со капакот, намалувам на минимум и оставам со часови да се вари.
2. Мајсторијата е потоа. Сета содржина ја вадам со лажица решетка, водата ја прецедувам и ја враќам на рингла во тенџере каде ќе ја подготвувам чорбата. Од коската ги вадам рскавиците и мевцето, ги сечкам на ситни парчиња и ги враќам во течноста. Месото го кинам со раце како на конци. Сварениот зеленчук со малку течност го блендирам убаво и го враќам во чорбата, тоа ќе и даде густина и боја. Зачинувам со зачин, сол и црн пипер во зрно.
3. Ја ставам да врие, а едниот свеж компир го сечкам на коцки и ги додавам да се сварат. Кога се тие на полу сварени, додавам малку фиде, колку да се “заврзе“. Штом и фидето е варено, чорбата е готова. Насечкувам обилно свеж магдонос, неколку листови ловоров лист, поклопувам и оставам да поврие неколку минути на веќе исклучената рингла.
Ја сервирам со толчен лук и винска киселина одстрана по желба кој сака да си тури.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови