Чашата е од 200 мл.
- Во тенџере ставете да проврие водата во која ќе го додадете измиениот ориз, нека вари. Во друго тенџере ставете го млекото и тоа 750 мл. да зоврие, во него додадете го оризот и нека заедно се вари околу 15 мин., пред самиот крај додадете го шеќерот и ванилата и постојано промешувајте да не ви загори. Значи не треба да стане многу густ бидејки во останатите 250 мл. млеко ќе го растворите пудингот, додадете кај оризот. Нека целото тоа заедно проврие кратко (на пудингот не му е потрено многу варење) тргнете го. Распоредете во садовите во кои сакате да го послужите, нека се олади.
Сос
- Во тенџере ставете ги искостените вишни заедно со шеќерот и циметот да се варат. Во меѓвреме растворете во малку вода густинот. Кога се варени вишните додадете го густинот, кратко да се вари и тргнете. Нека подолади малку и излијте го одозгора.
Прекрасен спој на вкусови.
НАПОМЕНА
- Јас најчесто го правам сутлијашот во кој додавам пудинг од ванила или пак ако во моментот немам - густинот исто така е добра замена. Наместо во вода најпрвин да го варам, едноставно ја зголемувам количината на млекото и го варам веднаш во млеко, а пудингот го растварам според упатството за количината на млекото.
- Секоја година го спремам компотот од вишни во сопствениот сок без вода, за вакви сосеви е одличен и готов за 2-3 мин, истурам од теглата, оставам да проврие, додавам веднаш од густинот, да проврие и го трам на страна притоа додавајки цимет кој го ставам во поголема колична бидејки го обожавам. Можете да користите вишни од компот спремен на ваш начин, ако е со вода и со семки, само исчистете ги семките, додадете од водата на компотот, сигурно ќе е потребно и маку шеќерче, потоа густинот и сосот за прелевање е готов.
- Сакав овој сутлијаш да го приготвам со оризот од Сончева долина бидејки тоа е наш бренд, се наоѓа во мојот град, горда сум на него и секогаш со квалитена понуда, па на овој начин ја изразувам мојата благодарност за нивната грижлива работа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани