
Сутлијаш со пудинг
Омилен десерт....
Се мешаат водата и млекото (од нив се одделува 200 мл. за растворање на пудингот) и се ставаат на оган да зовријат. Се додава маслото.
Штом зовријат се додава исчистениот, измиениот и исцедениот ориз.
Се готви на умерен оган, со чести промешувања.
Кога е скоро варен оризот се додава шеќерот со ванилата. Се вари уште малку, па се додава разматениот пудинг, се меша и се вари уште некои 5 мин..
Се излева во наводенати чаши, садови.
Кога ќе олади се посипува со цимет, какао, орев мелен и итн...
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани