Испечати

Сутлијаш со пудинг

Сутлијаш со пудинг

Состојки

  • 3 кафени финџалчиња околу 300 гр. ориз
  • 1 л. млеко
  • 1 л. вода
  • 3 лажици масло
  • 2 ванили
  • 150 гр. шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • по вкус какао, цимет, суво грозје, ореви

Подготовка

Омилен десерт....

Се мешаат водата и млекото (од нив се одделува 200 мл. за растворање на пудингот) и се ставаат на оган да зовријат. Се додава маслото.

Штом зовријат се додава исчистениот, измиениот и исцедениот ориз.
Се готви на умерен оган, со чести промешувања.

Кога е скоро варен оризот се додава шеќерот со ванилата. Се вари уште малку, па се додава разматениот пудинг, се меша и се вари уште некои 5 мин..

Се излева во наводенати чаши, садови.

Кога ќе олади се посипува со цимет, какао, орев мелен и итн...

На здравје!