Сите тие што обожаваат вишни, овај колач ќе им биде добредојден.
Најпрво изматете ги јајцата со шеќерот. Додека биете додадете го и млекото, а потоа и маслото. Брашното заедно со пецивото и какаото додадете ги и мешајте со дрвена лажица. Паниспањата истурете ја во намрсено тавче и печете на 180 степени околу 25 мин.
Во мегувреме сварете ги пудинзите со шеќерот и млекото, оставете го да се излади и додадете ги вишните.
Филовајте и оставете го во фрижидер околу 1 час и послужете. Количината на вишните по ваш вкус,колку што сакате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови