Оранж пита-колач со пудинг од ванила
Издашна, кревка, лична пита со пудинг е мојот денешен предлог
Вистинскиот вкус може да се осети после 5-6 часа, корите убаво да омекнат и да се спојат сите вкусови.
Теофанијааааааааааа, крајчињата одма ги изедов, да ја израмнам де, да и нанесам глазура....хахаххахахахахаха
Во вангличка ги ставаме сите состојки за тесто.
Со рака го замесуваме, да добиеме мазно и нелепливо тесто.
Не треба да е многу тврдо тестото, колку помеко ќе биде, толку и питата ќе биде покревка.
Тестото го делиме на 5 топки.
Секоја топка ја сучиме во правоаголна кора.
Ги печиме кратко, за да останат бели, по 6-7 минути на опачината на плех за печење.
топли, испечените кори ги ставаме на рамна подлога да се изладат.
Во дел од млекото ги раствораме пудинзите и густинот, па додаавме шеќер и остаток на млекото.
Јас тука користев сок од свежо цеден портокал, за поинтензивен вкус, значи дел од млекото го заменив со сок
Вариме на умерен оган до згуснување,
Во топлиот крем додаваме путер и енергично промешуваме за да смесата се изедначи.
Го делиме филот на 2 дела
Во едниот ставаме ситно сецкани аранчини, а во другиот дел растопено чоколадо
земаме даска за колачи.
Ја ставаме првата кора
Врз неа нанесуваме темен крем
Израмнуваме
Ставаме кора
Врз неа ставаме жолт крем, повторно кора, црн крем, кора, жолт крем и поклопуваме со 5 кора.
Врз колачот ставаме фолија и некој тежок предмет, даска, книга,,,,,
Оставме така да одстои 1 час.
Потоа ја нанесуваме глазурата.
Сечечме на штангли, декорираме по желба и послужуваме
Лиценца: Сите права се задржани
Bas Te pomisliv koga ja podgotvuvav
Kolacov Nekako i vo tvoj stil bi rekla deka e
Fala ti, pozzdrav