Прекрасен посен колач, со совршена комбинација на чоколадо и портокал. Уживав буквално во секој залак од ова брзинско колаче. Идеално за со првото утринско кафе. Подготовката е и повеќе од едноставна

1. Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрева додека го припремате колачот.
2. Во еден подлабок сад соединете ги течните состојки ( вода,исцедениот сок од портокал и масло)
3. Во друг сад соединете ги и сувите состојки ( брашно, гриз, прашок за пециво, ситно сецканите ореви и 100 гр чоколадо кое сте го изрендале на покрупната страна од рендето). Додајте и ренданата кора од портокал.
4. Во садот со водата додадете шеќер и мешајте со лажица додека не се растопи. Постепено и со постојано мешање додавајте ги и соединетите суви состојки. Убаво соединете ја смесата и истурете ја во тава за пачење. јас сакам кога се колачите пониски и печев во тава бр 26. Ако сакате повисок кекс или дуплирајте ги мерките или печете во тава со помала димензија
5. Печете 25-30 мин
6. Во друг сад на пареа растопете го преостанатото чоколадо со 3 лажици масло и истурете го врз печениот колач. Украсете до неколку јатки од ореви. Доколку немате време може и да посипете само шеќер во прав и уживајте. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови