Кокос Сутлијаш со прелив од малини
Едноставен кремаст и превкусен десерт, овојпат направен по мој вкус со додаток на кокос и прелив од малини, комбинација која според мене совршено се сложува.
Подготовка на сутлијашот
- Оризот (претходно добро измиен) го ставаме во касерола заедно со млекото. Готвиме на умерена температура со повремено промешување.
- Кога ќе биде оризот пола сварен, го додаваме кокосот и продолжуваме со готвење. Кога ќе биде при крај ги додаваме ванилите и шеќерот.
Подготовка на прелив од малини
- Густинот го промешуваме со 2-3 лажици од водата. Малините заедно со шеќерот и преостанатата вода ги ставаме во касерола и на умерена температура ги доведуваме до вриење, да омекнат малините. Сега го додаваме растворениот густин и готвиме кратко со постојано мешање да се згусне преливот. Преливот го процедуваме преку цедалка за да се отстранат семките.
- Во чашите во кои ќе сервираме, ставаме прво од преливот од малини, па од сутлијашот, па пак од преливот. Декорираме со неколку малини.
Забелешка - Шеќерот може да го регулирате по ваш вкус. Додека го готвите сутлијашот, доколку оризот ја упил цела течност (а сеуште не е целосно сварен оризот) слободно додајте уште малку млеко, тоа зависи од оризот кој ќе го употребите. Како и да е, сутлијашот треба да ви биде кремаст и полутечен по структура. Наведената доза е за количина од 2 чаши како на сликата.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани