Јајцата и шеќерот ги матиме со миксер, се додава млекото, зејтинот, брашното, пецивото и кокосовото брашно. Се убаво се измеша да се добие хомогена смеса. Калапите за мафини се подмачкуваат со маргарин и се полнат со смесата до 2/3. И на крај одозгора се ставаат малини. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути.
Откако ќе се испечат се декорира по желба со шеќер во прав или течно чоколадо.
Од оваа доза мафини излегуваат 12 мафини, лесни се и брзи за правење. Доколку сакате можете во смесата да додадете и рендано чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови