Сутлијаш со ванила пудинг и прелив од вишни

Состојки
- 3 чаши вода
 - 1 чаша ориз
 - 2 чаши млеко
 - 7-8 лажици шеќер
 - 1 ванилин шеќер
 - 1 пудинг од ванила
 - на вкус цимет
 - Прелив
 - 300 гр вишни
 - на вкус шеќер
 - 2 лажици густин
 
Подготовка
1. Ставете вода во тенџерето и нека зоврие, додадете го измиениот ориз и ставете да се вари. Кога ќе се згусти оризот додадете го млекото, нека продолжи да се вари, а притоа додадете го шеќерот и ванилата постојано бркајки го за да не ви загори.
- Во млеко растворете го пудингот. Кога е сварен оризот тргнете го тенџерето, додадете го растворениот пудинг и вратете назад за кратко колку да се свари пудингот. 
Сервирајте, посипете со цимет доколку го сакате потоа залијте со сос од зрнасто овошје - кај мене со вишни.
 Прелив од вишните
 - Доколку правите од свежи вишни тогаш извадете ги семките од истите, ставете го шеќерот и прелијте со малку вода бидејки тие пуштаат сок. Нека се кратко вари, тргнете на страна, додадете го растворениот густин, вратете назад за да се вари и згусти. Прелијте го сутлијашот.
 Напомена
 - Јас секогаш користам компот од вишни кој го правам така што ги искостувам вишните, ставам во теглите ред вишни-ред шекер, малку со лажицата налегнам, значи да биде добро наполнета теглата, става да теглите се пастеризираат,значи вода воопшто не ставам, а сокот кој што го пуштаат самите вишни е фантазија, а истовремено и добар при настинка.