Сусам погача
Погачата која сега ќе биде прикажана е половина рецепт.
За мене е многу цела, па затоа ја напишав половично.
Точниот рецепт вели
1 кг брашно
1 шол млеко (500 гр )
1 шол масло
3 жолчки
1 квасец
1 лажица сол
Со белките се премачкува кога е готова.
Јас ја подготвив на овој начин.
Замесив тесто од 500 гр.брашно, 200 гр. млеко, сол, 2 жолчки и пола квасец. Убаво го изработив тестото и го оставив да стаса.
(Во состојките пишав 500 до 600 гр брашно, зашто се случува некогаш брашното да омекнува и да се расплеснува на масата. Затоа вие ќе видите какво ви е брашното толку и ќе ставите.)
Откако тестото одморило и се дуплирало, ќе го размесите на работната маса и ќе го премачкате со полустопен маргарин. Ќе попрскате урда, ленено семе и јас ставив малку ким.
Ако ставате сирење наместо урда, тогаш изрендајте ја на јадрата страна од рендето
Завиткајте ролат од тестото и сечете на парчиња.
Парчињата редете ги во круг на претходно намастената тава.
Премачкајте со белките кои ги одвоивте при почетокот на рецептот и попрскајте сусам.
Нека постои уште 5 минутки на топло па печете во загреана рерна на 200 степени, се додека не зарумени.
Најубав е вкусот кога ја конзумирате топличка.
На здравје со прекрасниот појадок.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Najprvo pogacata ja probav kaj edna prijatelka i mnogu ja bentisav ,ja prasav od kaj i e receptot a taa mi kaza deka go nasla na moirecepti,t.e na tvojot profil.Preubava e Nadice prefkusna samo sto jas veke ja spremav za pecenje i koga gledam nemam susam,pa si stviv afipo i taka e odlicna.Ti blagodaram za receptot od moe i ime na prijatelkami.Pozz