Најмрзлива сусам погача
Поедноставно за правење нема.
Нема месење со рака, нема чекање за квасецот прво да втаса, само соединете ги состојките со маталка за тесто или со дрвена лажица, истурете ја сместа во тавче бр. 30 за цела доза
(по потреба може да се направи и половина и да се печи во бр. 26)
Од кога во вангличка ќе ги соедините сите состојки истуретеја густата смеса во плехче за печење, порамнајте ја со намрсена лажица, премачкајте со жолчка, сусам и ставете по некое парче маргарин,
Нека одстои 30 минути и се печи 30 минути на 180 степени.
Јас чашите од 250 гр не ги полнам со брашно до врвот, значи нека остане простор по 1-2 прста.
Смесата треба да биде густа, се гледа од сликата.
Лиценца: Сите права се задржани