Погача со сусам и ленено семе
Во топлото млеко ги ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Во вангличка ги соединуваме маслото, водата, солта и јајцето.
Промешуваме.
Тука го додаваме и белото брашно.
Промешуваме.
Сега постепено месиме со рака и додаваме спелтино брашно, а вие може да користите и само бело брашно.
Замесуваме мазно, нелепливо тесто.
Од вкупната количина на брашно ми останаа 2-3 лажици брашно кои ги користев за посип при месењето.
Го покриваме тестото и оставаме да се дуплира.
И........потоа си играв.
Тестото го поделив на 6 топчиња.
Чети топчиња ги расукава во мали правоаголни корички кои ги премачкав со растопен путер.
На крајот напаравив рецки со нож, како на сликата.
Завиткав ролатче, па кругче.
На ваков начин подготвени 4 топчиња ги ставив во тава бр 24 во која има и хартија за печење.
Од останатите 2 топчиња, правев мали топчиња кои ги редев меѓу празнините и во дупчињата на круговите.
Дел од погачата, односно каде наросив ленено семе премачкав со остаокот на растопениот путер, а другиот дел го премачкав со јајце и наросив сусам.
Погачата киснеше 25 минути и ја печев во загреана рерна на 200 с околу 30 минути.
Сервирав, исклучително мека, топла погача за вечера, со сиренце, јогурт, лут ајвар....