
Кифлички со ленено семе
Квасецот и водата се ставаат во длабок сад и се меша додека квасецот не се растопи. Потоа се додаваат брашното, солта, шеќерот и лененото семе. Се замесува добро да се соедини смесата. Замесеното тесто се остава да стаса околу 30 минути. Откако тестото е стасано на намрсена маса се размесува и се дели на топчиња. Секое топче се развлекува со сукалка и на долниот дел се сече со нож на прави линии. Се виткаат од горната страна, па надолу. Се редат во тава која е подмачкана со маргарин. Потоа се премачкуваат со жолчка од јајце и се наросуваат со сусам . Врз секое парче се става малку маргаринче и се оставаат да стасаат уште 5 до 10 минути. Се печат на 150 степени се додека не заруменат. На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови