Караш погача со лук, мак и сусам
Одлична погача која има феноменален вкус и меко мирисно тесто
Подготовка
Во длабок сад ставете го топлото млеко, шеќерот и солта. додадете го и квасецот (претходно растопен во млака вода). Промешајте убаво. Потоа, додадете го јогуртот со лукчето во прав.
Додадете и малку вински оцет за да имате поубаво тесто
Просејте го брашното и постепено додавајте го во смесата и мешајте со дрвена лажица, а потоа додадете го и маслото и со рака замесете меко нелепливо тесто.
Покријте го со фолија и оставете го да одмори и да се дуплира.
Растегнете кора со помош на сукало. со нож исечите форма на риба и ставете ја во намрсено и набрашнето тавче
-Карлушките направете ги исто од кора, со помош на кружно калапче вадете кругчиња и ставајте ги врз погачата. за окото и опашката, со рака оформете го тестото и додадете.
Погачата премачкајте ја со растопен путер, жолчка и додадете сусам на карлушките и мак на окото, вратот и опашката.
Печите во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Благодарам
Лукчето е чудо... вкусно и здраво