Султи пита
Рецептот го зедов од списание кое носи наслов Пити. Не знам од каде и го дале ова име на питава, која спрема мене многу повеќе личи на ролат од солена палачинка, отколку на пита. Но бидејќи составот не претрпи измени од моја страна и името го оставам така, оригинал.
Најпрво ги матиме јајцата со малку шеќер и сол и една лажица млеко. Кога убаво ќе се изматат постепено го додаваме брашното, постојано мешајќи, за да не се згрутчи. На крај, се додава постепено млекото, па маслото.
Во меѓувреме рерната ја загреваме на 250 степени. Во загреаната рерна се става тавата (некоја поголема) во која сме ставиле 1 ракиена чаша масло да се загрее.
Бидејќи јас го користев Ростерот на Делимано Ч))) и тоа за прв пат со овој рецепт, морав да оттурам од потребното количество ч).
Кога добро ќе се загрее тавата со маслото, ја вадиме од рерна и во неа ја истураме предходно подготвената смеса и ја враќаме во рерна да се печи на истата температура, додека не порумени. Мене ми требаа од прилика 15-на мин.
Печената кора се вади и се става на влажна кујнска крпа. Кога малку ќе олади, врз неа се ренда сирењето, црниот бибеер, а потоа и едно тврдо варено јајце. Виткаме ролат и сечиме парчиња со дебелина од 2 см.
Парчињата се редат на чинија за послужување и врз нив се ренда второто варено јајце.
Најдобра е кога се служи топла.
Лиценца: Сите права се задржани
Соња, благодарам за честитката и ти посакувам во скоро време и тебе една ваква убава награда и секако некој од твоите вкусни рецепти спремени во неа.
лисн ту ми вери Ќерфли!
купи со многу многу кромид. ќе ти треба за кога ќе се видиме. ќе те расчикам што лажеш дека не знаеш да готвиш, па да има со што да си ги заблажиш модриците :) :) :) :)
нежност, пуста, никогаш не сум ја имала :) :) :) :)
а тоа за ростерот не ми раскажувај....еднаш печев нешто во него и заборавив да го марсам пред печење. се тресев цело време додека се печеше, мислев готово го уништив, ќе мора да стругам....кога да видиш СУПРИЦЕ, не се ни залепи по каревите од што е најсуперски :)