Испечати

Султи пита

Султи пита

Состојки

  • 4 јајца
  • малку сол и шеќер
  • 250 мл млеко
  • 5 лажици брашно
  • 4 лажици масло
  • За фил
  • 2 тврдо варени јајца
  • 150 гр сирење

Подготовка

Рецептот го зедов од списание кое носи наслов Пити. Не знам од каде и го дале ова име на питава, која спрема мене многу повеќе личи на ролат од солена палачинка, отколку на пита. Но бидејќи составот не претрпи измени од моја страна и името го оставам така, оригинал.
Најпрво ги матиме јајцата со малку шеќер и сол и една лажица млеко. Кога убаво ќе се изматат постепено го додаваме брашното, постојано мешајќи, за да не се згрутчи. На крај, се додава постепено млекото, па маслото.
Во меѓувреме рерната ја загреваме на 250 степени. Во загреаната рерна се става тавата (некоја поголема) во која сме ставиле 1 ракиена чаша масло да се загрее.

Бидејќи јас го користев Ростерот на Делимано Ч))) и тоа за прв пат со овој рецепт, морав да оттурам од потребното количество ч).

Кога добро ќе се загрее тавата со маслото, ја вадиме од рерна и во неа ја истураме предходно подготвената смеса и ја враќаме во рерна да се печи на истата температура, додека не порумени. Мене ми требаа од прилика 15-на мин.
Печената кора се вади и се става на влажна кујнска крпа. Кога малку ќе олади, врз неа се ренда сирењето, црниот бибеер, а потоа и едно тврдо варено јајце. Виткаме ролат и сечиме парчиња со дебелина од 2 см.
Парчињата се редат на чинија за послужување и врз нив се ренда второто варено јајце.
Најдобра е кога се служи топла.