Сукана пица машински
1.Квасецот се остава да отстои и нарасне во малку топла вода
2.Брашното со стасаниот квасец и сите останати состојки се замесува во малку потврдо тесто
3.Тестото се сече на рибанки и истите тие малку набрашнети се сукаат на машина
4.Секоја рибанка тесто ја минев на машината прво на реден бр.3, па на бр.6, па на крај на бр.9 (последниот) на машината за јуфки
5.Секоја кора ја постилав во намрсената тава од рерна и ја попрскував со малку масло за јадење, со кечап и оригано и со ситно сечкана шунка и кашкавал
6.Вака редев до последната кора и додека се потроши филот
7.Најозгора премачкав со сенф растворен со малку масло за јадење и попрскав со сусам
8.Пицата ја оставив да одмори околу 30 мин и потоа ја ставив да се пече во загреана рерна на 180 С
Лиценца: Сите права се задржани