Испечати

Сукана пица машински

Сукана пица машински

Состојки

  • За тестото
  • 500 гр брашно
  • 1/2 квасец пресен
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 50 мл масло за јадење
  • малку топла вода за замесување
  • За фил
  • 250 гр шунка (ситно сечкана на коцки)
  • 250 гр кашкавал (ситно сечкан на коцки)
  • по потреба кечап
  • 1-2 лажичиња оригано
  • малку масло за јадење (за попрскување на корите)
  • За премачкување одозгора
  • 1 лажица сенф
  • малку масло за јадење (за да се раствори сенфот)
  • 1-2 лажичиња сусам

Подготовка

1.Квасецот се остава да отстои и нарасне во малку топла вода
2.Брашното со стасаниот квасец и сите останати состојки се замесува во малку потврдо тесто
3.Тестото се сече на рибанки и истите тие малку набрашнети се сукаат на машина
4.Секоја рибанка тесто ја минев на машината прво на реден бр.3, па на бр.6, па на крај на бр.9 (последниот) на машината за јуфки
5.Секоја кора ја постилав во намрсената тава од рерна и ја попрскував со малку масло за јадење, со кечап и оригано и со ситно сечкана шунка и кашкавал
6.Вака редев до последната кора и додека се потроши филот
7.Најозгора премачкав со сенф растворен со малку масло за јадење и попрскав со сусам
8.Пицата ја оставив да одмори околу 30 мин и потоа ја ставив да се пече во загреана рерна на 180 С