Одлична слатка грицка.
 
Во вангла ставете го брашното и пецивото и измешајте ги. Додадете ги јајцата, зејтинот, млекото, додадете сусамот. Избркајте со лажица или со рака, ароматизирајте го есенцијата или ренданата кора, оставете во фрижидер тестото да се стегни за да може потоа полесно да ги правите топчињата со намрснета рака. Наредте на одредена далечина едно од друго топче, ставете да се печат во предходно загреана рерна од 170 степени околу 10-15 мин.

Совет
- Доколку лесно ви се прават топчињата без да го одложувате тестото во фрижидер, тогаш веднаш правете ги, не мора да ги чекате.
Од оваа количина зависно колку големи ќе ги правите излегуваат околу 48 сусамки.
Чашата е од 200мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани