29
јан
2014
Делимано слатки колачиња со сусам
Во еден сад ставете го маргаринот и замесете го со рака додека да смекне, потоа додајте го јајцето, жолчката, шеќерот, млекото, пецивото и ванилата и повторно замесете додека се стопи шеќерот. На крај додајте го брашното и направете тесто.
Тестото ставете го на работна маса и исучете кора. Со калапчиња извадете форми и ставете ги на плех за печење претходно намачкан со масло. Колачињата премачкајте ги со останатиот белка и посипете ги со сусам. Печете во рерна загреана на 200-250С околу 5-10 мин. Добар апетит...
Лиценца: Сите права се задржани