Белките се матат во цврста пена се додава брашното , макот , солта и внимателно се меша и се паче во плех обложен со хартија на 160 степени околу 15 мин. во зависност од релната. Кога е испечен уште врел се витка во влажна крпа како ролат и се остава да се излади .
За филот се ренда сирењето се додава павлаката , маслото, и ориганото и убаво се меша. Кога тестото е оладено се филува со половина од филот па се стваат листовите шунка преку целиот ролат па се мачка втората половина од филот и се витка во ролат.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови