Солен ролат во три бои
Јајцата се матат со солта и зејтинот, па им се додава пецивото и брашното. Целата смеса се дели на три еднакви дела. Во првиот дел се додава спанаќот, во вториот ајварот и во третиот сирењето. Во плех од шпорет на хартија за печење сестава една лента од првата смеса во ширина околу 3-4 см,па втората и третата и така се додека се потрошат.
За истурање на смесите може да послужи најобично најлонче кое се засекува на едниот крај и се сипе од смесата во плехот.
Ролатот се пече и додека е топол се витка и се остава така да се олади.
Фил
Шунката се меша со сирењето и павлаката и се филува тестотои, па пак се рола и се остава на поладно до сечењето.
Овој ролат не само штое декоративен туку е и доста вкусен.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
Naka e so sreka !!!!
Прекрасен рецепт со убава фотографија, но ќе те замолиме да ни испратиш фотографија само од ролатот за да може поубаво да се претстави приготвениот рецепт.
Ти благодариме.
Поздрав