Солен ролат
1. Квасецот го ставаме во млакото млеко и промешуваме.
2. Во садот со брашното ги додаваме јајцата,зејтинот и млекото со квасецот.Добро промешуваме и на набрашнета работна маса изработуваме меко и еластично тесто.Го оставаме тестото покриено да стои 30 мин.
3. Кршиме 2 јајца ги делиме белките од жолчките.
4. Во садот со белките ги додаваме издробеното сирење,ситно исецканата шунка,изренданите кисели краставички исцедени од водата,ориганото и ако е потребно малку сол и добро промешуваме.
5. Стасаното тесто го делиме на два дела и од секој дел развлекуваме правоаголна форма.Ставаме половина од филот и ја виткаме кората во ролат.Истото го правиме и со другото тесто.
6. Ролатите ги сечеме на парчиња дебели два прста ги редиме во тава обложена со хартија ги мачкаме со разматени жолчки и ставаме сусам.
7. Ги оставаме ролатите така да стојат уште 30 мин.
8.Печеме во загреана рерна на 200 Ц. околу 30 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Napravi Upload na tvojata slika vo Imageshack. Posle od tamu kopitaj go “URL” i iskopiraj go na link-ot dolu kade sto pisuva “klikni tuka za da postavis slika” i gotovo
Ај сега преку чичко гугле, како Кашкавалките што успеав. (а знам и дека ако си ја ставиш на фб и од таму можи. Ова дека е од кулинарка, можи затоа не дава...
ete! :)