Испечати

Солен ролат

Солен ролат

Состојки

  • 250 мл. млако млеко
  • 200 мл. зејтин
  • 3 јајца
  • 1 свеж квасец
  • 2 лажички сол
  • 300 г. сирење
  • 300 г. шунка
  • 5-6 кисели краставички
  • 700 г. брашно
  • 2 белки
  • 1 лажичка оригано
  • 2 жолчки

Подготовка

1. Квасецот го ставаме во млакото млеко и промешуваме.
2. Во садот со брашното ги додаваме јајцата,зејтинот и млекото со квасецот.Добро промешуваме и на набрашнета работна маса изработуваме меко и еластично тесто.Го оставаме тестото покриено да стои 30 мин.
3. Кршиме 2 јајца ги делиме белките од жолчките.
4. Во садот со белките ги додаваме издробеното сирење,ситно исецканата шунка,изренданите кисели краставички исцедени од водата,ориганото и ако е потребно малку сол и добро промешуваме.
5. Стасаното тесто го делиме на два дела и од секој дел развлекуваме правоаголна форма.Ставаме половина од филот и ја виткаме кората во ролат.Истото го правиме и со другото тесто.
6. Ролатите ги сечеме на парчиња дебели два прста ги редиме во тава обложена со хартија ги мачкаме со разматени жолчки и ставаме сусам.
7. Ги оставаме ролатите така да стојат уште 30 мин.
8.Печеме во загреана рерна на 200 Ц. околу 30 мин.