24
јун
2013
Солен пудинг во кора
Во тенџере на оган ставете го путерот да се растопи.
Откако ќе се растопи додајте го млекото .
Со постојано мешање додавајте го брашното.
Откако смесата ќе се згусти тргнете го тенџерето од оган и додајте ги жолчките и пармезанот.
Убаво измешајте со жица за матење и по желба ако не е многу солен пармезанот може да додадете малку сол.
Корите преклопете ги на половина и исечете ги на 3 дела.
Во секоја вдлабнатина од калапи за мафини ставете по едно парче од корите.
Нанесете од смесата и преклопете ги краевите на корите.
Попрскајте ги со масло и посипете со афион.
Печете ги на 200 степени 10 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
izgledaat bas onaka trpezno:)