
Солен кекс
Шунката, кашкавалот, краставичките и морковот исецкајте ги на ситни коцкички. Сирењето издробете го, а магдоносот исецкајте го. Се заедно измешајте.
Јајцата кремасто изматете ги. Матејќи на најмала брзина додајте го маслото, јогуртот и солта. На крај додадете го и брашното и пецивото.
Со лажица вмешајте ги полека сецканите производи.
Тава бр 28/30 намастете и истурете ја содржината.
Печете на 190 степени околу 20 мин. Проверете со благ стисок врз кексот дали е печен, бидејќи со чепкалка можи кашкавалот да ве прелажи...тој е веќе стопен внатре.
Печениот кекс премачкајте го со парче маргарин и потоа со тенок слој павлака додека е уште жежок. Оставете да подолади и сечете на коцки.
Лиценца: Сите права се задржани
а да му стававме и грашоче, чисто да го дошараме,м?
или да не аздисувам многу? :) :) :) :)