Солено бухтле
Квасецот растворете го со малку млеко и брашно.
Во сад ставете ги млекото, маслото, јајцето, солта и шеќерот. Додајте го и квасецот.
Со постепено додавање на брашното замесите средно меко и мазно тесто. Покриено оставете го да кисни додека се удвои волуменот.
Потоа премесете го и поделете го на 22 топчина. Секое топче малку расплескајте го на раката, ставите по 2-3 коцки од кашкавалот и шунката и по прстофат од зачините. Убаво затворете го и обликувајте топче.
Наредете ги во округла тава бр. 26 малку намачкана со масло и оставете ги киснат уште 30-35 мин. Пред печење премачкајте ги со изматено јајце и наредете неколку парченца путер.
Печете во загреана рерна на 180-190 степени околу 35 мин. или печењето одредете го во зависност од васата рерна.
Испеченото бухтле покриено со фолија оставете го малку да олади и послужете го со јогурт, павлака, сиренце....
Лиценца: Сите права се задржани