Сок од тиква
Тиквата се мие убаво, се лупи, се сече на парчиња и се налева со водата да се вари. Се вари додека убаво омекне.
Одкако ќе се свари тиквата се ваѓа од водата и убаво се пасира, миксира или се става во блендер. Водата каде што се вареше тиквата се цеди и се враќа на оган заедно со шеќерот да проврие 10 минути. Количината на шеќер може да се зголеми по свој вкус а и во зависност од тоа колку е блага тиквата.
Тиквата се миксира и низ цедалка се додава во засладената врела вода. Се додава и циметот и ванилата и се остава сокот да врие 10 минути, а потоа се остава убаво да се излади.
Кон изладениот сок од тиква се додава исцеден сок од 3 лимони убаво се меша и сокот се полни во шишиња. Вака подготвен сокот се чува во фрижидер.
Во многу рецепти се користи и кесичка степ за вкус, но јас тука со циметот и лимонот добив прекрасен вкус, а плус нема никаква хемија.
Лиценца: Сите права се задржани
Nadica iskoristi del od tikvite za ovoj sok i ke gi izraduvas i decinjata.
Lile znam deka ti sigurno imas probano no i vaka limonot i cimetot mu davaat odlicen vkus.
tace73 limonot tuka igra uloga i na konzervans pa ostavam na tebe megu limonot i portokalot sama da odlucis.